Веб-апликацијата за мапирање на органските производители, продавници, ресторани и сместувачки објекти е финансиски поддржана од проектот „Преминете на органско – потрошувачите во центарот на земјоделската политика“, што е финансиран од Европската унија, како и од проектот „Органски пат – побезбедна и одржлива храна за сите“ што е дел од глобалната кампања Green Action Week за промоција на одржлива потрошувачка. Зелената акциска недела е иницијатива на Swedish Society for Nature Conservation и се спроведува во координација со Consumers International. Проектот се спроведува во соработка со Асоцијација за развојни иницијативи – Зенит од Скопје и Здружение на агро-новинари Медиа Плус од Скопје. Ова е дел од поширока регионална иницијатива насловена „Одржливо земјоделство за одржлив Балкан“ што ја спроведува конзорциум предводен од Организација за почитување и грижа на животните – ОРКА.

Првичната верзија на веб-страницата Органски Свет беше создадена во рамки на проектот „Подобрете ги прехранбените избори и зачувајте ја животната средина“, спроведуван од Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ). Проектот беше дел од глобалната кампања Green Action Week за промоција на одржлива потрошувачка во склоп на која секоја година во октомври, организации од различни држави спроведуваат активности за истакнување на заеднички предизвици. Green Action Week е иницијатива на Swedish Society for Nature Conservation и се спроведува во координација со меѓународната потрошувачка организација – Consumers International. Повеќе информации за кампањата може да најдете и на нејзиниот глобален веб-сајт и Фејсбук страницата на Green Action Week. Во подготовката на оваа веб-страница, активно придонесоа Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство а во неговата промоција е вклучена и Агенцијата за храна и ветеринарство.

Проектите кои ги споведува ОПМ имаат за цел да ги мотивираат потрошувачите да прават подобар избор на пазарот на храна со земање предвид на последиците врз животната средина. На долг рок, проектите ќе влијаат потрошувачите почесто да купуваат органска храна што ќе придонесе за раст на локалниот пазар за храна произведена без синтетички пестициди и ѓубрива, и намалени штетни влијанијапри производството на храна.