Организација на потрошувачите на Македонија
Профилот на Фејсбук на ОПМ содржи информации за предностите на органската храна, ризиците од конвенционалното земјоделство, како и за светската кампања за промовирање на органската храна во која е вклучена и Македонија.
Организација за почитување и грижа на животните – ORCA
ОРКА е непрофитна граѓанска организација која работи на имплементирање на политики, легислатива и практики поврзани со благосостојбата на животните, заштита на животната средина и рурален развој во Република Србија и Балканот, преку истражување, едукација, застапување и мониторинг.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
Интернет страницата на Министерството дава преглед на регулативата за органско земјоделско производство во Македонија
Агенција за храна и ветеринарство
Интернет страницата на Агенцијата, меѓу другото, информира и за нејзината вклученост во контролата на органските производи, како и во нивната промоција.
Федерација на производители на органски производи на Македонија
Интернет страницата нуди повеќе информации за органското производство и за трговските марки со кои нејзините членки ги означуваат своите органски производи.
Интернет страницата е развиена од Организацијата на потрошувачите на Македонија за да ги информира потрошувачите за правилната исхрана и нејзината важност за здравјето, и да даде практични совети и алатки преку кои ќе им се овозможи правилен избор на прехранбени производи и правилно планирање на менито.
Органска храна – здрава, безбедна и вкусна
Оваа брошура на Организацијата на потрошувачите на Македонија ги запознава потрошувачите со предностите на органската храна, нејзиното означување, значењето за добрата исхраната на луѓето, влијанието врз животната средина, видовите на органска храна достапна на нашиот пазар и местата каде може да се купи.
Оваа брошура на Организацијата на потрошувачите на Македонија ги запознава потрошувачите со поимот пестициди, нивната употреба, влијанието врз животната средина, врз здравјето на земјоделците и консументите на загадена храна. Брошурата информира и за мерките кои може да ги преземат потрошувачите за заштита од пестициди.