Blog Post

Дома / храна
Што е органска храна?
October, 1, 2016

Органската храна е произведена на строго контролиран начин со цел да се заштити здравјето на луѓето и животната средина.

Органските производи се одгледани на незагадена почва и произведени со методи кои не се штетни по здравјето на луѓето, животната средина и природната рамнотежа. Начинот на производство на органска храна е законски регулиран и редовно контролиран за да се обезбеди дека производите се безбедни и не содржат штетни материи. Со тоа тие се поздрави и имаат поголема нутритивна вредност.

При органскиот начин на производство и преработка на храна се дава предност на употребата на материи и производи кои се добиени на природен начин. Употребата на вештачки ѓубрива, хемиски пестициди, хормони, конзерванси, адитиви, генетски модифицирани плодови и состојки или други синтетички материи е сведена на минимум, односно во најголемиот дел е недозволена. Името органски производ, односно органска храна, е дадено поради органските материи и методи со кои земјоделците ги заменуваат овие вештачки материи.

Органските производи:

  1. не смеат да содржат генетски модифицирани организми;
  2. не се прскани со синтетички пестициди и лесно топливи минерални ѓубрива;
  3. не смеат да содржат дополнително додадени засладувачи, ароми, бои и емулгатори, како и помошни адитиви кои се забранети;
  4. животните мораат да бидат хранети со храна од органско производство, без употреба на антибиотици

Студија “Органска храна”

 

Повеќе