Органскиот начин на производство на храна ја одржува стабилноста на екосистемите преку минимално загадување на животната средина.
Избирајќи органска храна, помагате да:
- Не се загадуваат почвата и водите. Со органскиот начин на производство на храна се одржува стабилност на екосистемите преку минимално загадување на животната средина. Ова се врши и преку исклучување на употребата на вештачки ѓубрива и хемиски пестициди за чие производство се трошат големи количества енергија, и кои може да ја загадат почвата и водите.
- Не се осиромашува почвата. Органските фармери употребуваат природни ѓубрива и тоа најмногу арско ѓубриво, како и компост добиен по пат на рециклажа на отпадните материи. Еден од главните принципи на органското производство на храна е ротацијата на повеќе видови на растителни култури, со цел да се избегне осиромашување на почвата од хранливите материи, како и развојот на болести.
- Се заштедува енергија. Можната употреба на надворешни извори на енергија се сведува на минимум. Ова се врши и преку исклучување на употребата на вештачки ѓубрива и хемиски пестициди за чие производство се трошат големи количества енергија. Наместо тоа, органските фармери употребуваат природни ѓубрива.
- Се избегнува ширење болести. Органското производство користи природни непријатели на штетниците и болестите, вклучувајќи и корисни видови инсекти како и ротација на повеќе видови на растителни култури на земјоделските површини.
- Се поттикнува добар однос кон животните. Системот на органското производство на храна води исклучителна грижа за благосостојба на животните. Животните се напасуваат на незагадени високопланински пасишта, а на органските фарми им е овозможено слободно движење и природно однесување