Органскиот начин на производство на храна ја одржува стабилноста на екосистемите преку минимално загадување на животната средина.

 
Избирајќи органска храна, помагате да:

  1. Не се загадуваат почвата и водите. Со органскиот начин на производство на храна се одржува стабилност на екосистемите преку минимално загадување на животната средина. Ова се врши и преку исклучување на употребата на вештачки ѓубрива и хемиски пестициди за чие производство се трошат големи количества енергија, и кои може да ја загадат почвата и водите.
  2. Не се осиромашува почвата. Органските фармери употребуваат природни ѓубрива и тоа најмногу арско ѓубриво, како и компост добиен по пат на рециклажа на отпадните материи. Еден од главните принципи на органското производство на храна е ротацијата на повеќе видови на растителни култури, со цел да се избегне осиромашување на почвата од хранливите материи, како и развојот на болести.
  3. Се заштедува енергија. Можната употреба на надворешни извори на енергија се сведува на минимум. Ова се врши и преку исклучување на употребата на вештачки ѓубрива и хемиски пестициди за чие производство се трошат големи количества енергија. Наместо тоа, органските фармери употребуваат природни ѓубрива.
  4. Се избегнува ширење болести. Органското производство користи природни непријатели на штетниците и болестите, вклучувајќи и корисни видови инсекти како и ротација на повеќе видови на растителни култури на земјоделските површини.
  5. Се поттикнува добар однос кон животните. Системот на органското производство на храна води исклучителна грижа за благосостојба на животните. Животните се напасуваат на незагадени високопланински пасишта, а на органските фарми им е овозможено слободно движење и природно однесување