logo-3Организација на потрошувачите на Македонија

Профилот на Фејсбук на ОПМ содржи информации за предностите на органската храна, ризиците од конвенционалното земјоделство, како и за светската кампања за промовирање на органската храна во која е вклучена и Македонија.

 

logo-6Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Интернет страницата на Министерството дава преглед на регулативата за органско земјоделско производство во Македонија

 

 

logo-7Агенција за храна и ветеринарство

Интернет страницата на Агенцијата, меѓу другото, информира и за нејзината вклученост во контролата на органските производи, како и во нивната промоција.

 

 

Федерација на производители на органски производи на Македонија

Интернет страницата нуди повеќе информации за органското производство и за трговските марки со кои нејзините членки ги означуваат своите органски производи.

 

 

06-dobrazemjaНаша Добра Земја
Интернет страницата на задругата Наша Добра Земја нуди повеќе информации за органската храна и организира продажба на македонски органски производи.

 

Правилна исхрана

Интернет страницата е развиена од Организацијата на потрошувачите на Македонија за да ги информира потрошувачите за правилната исхрана и нејзината важност за здравјето, и да даде практични совети и алатки преку кои ќе им се овозможи правилен избор на прехранбени производи и правилно планирање на менито.

 

organska-hrana

Органска храна – здрава, безбедна и вкусна

Оваа брошура на Организацијата на потрошувачите на Македонија ги запознава потрошувачите со предностите на органската храна, нејзиното означување, значењето за добрата исхраната на луѓето, влијанието врз животната средина, видовите на органска храна достапна на нашиот пазар и местата каде може да се купи.

 

 

pesticidi-i-hranaПестицидите и храната

Оваа брошура на Организацијата на потрошувачите на Македонија ги запознава потрошувачите со поимот пестициди, нивната употреба, влијанието врз животната средина, врз здравјето на земјоделците и консументите на загадена храна. Брошурата информира и за мерките кои може да ги преземат потрошувачите за заштита од пестициди.