• Органски свет
Кожле – Катланово

Кожле е компанија лоцирана во близина на Катланово. Фармата се протега на околу 500 метри квадратни, со уште 15 хектари простор за животните. Оваа фарма за кози постои од 1998 година, но својот сертификат за органско производство го добива во 2005/2006 година. Стадото брои околу 200 кози од кои се произведуваат млеко и млечни производи кои се продаваат во сите поголеми маркети низ Македонија.

Поважни производи се бело козјо сирење и жолто козјо сирење.

Телефон: 070 640 770

е-пошта: georgievskaaneta@yahoo.com / info@goatfarm.mk

Веб-страница: www.goatfarm.mk